СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Деновиве треба да се решат административните пречки за исплата на субвенциите, вели Заев

Владата прави напори секогаш да излезе во пресрет на барањата на земјоделци, како што е случајот со оризопроизводителите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се исполнат барањата на кочанските оризопроизводители, кои најавија протести и блокада на патот Штип-Кочани за во вторник, 23 февруари.

– Запознаен сум со незадоволството на оризопроизводители. Знам дека со министерот за земјоделство, заменикот, државниот секретар, сите работат на решавање на проблемот. Државата финансиски е ликвидна и верувам дека навремено ќе се завршат сите постапките, за да може субвенциите навремено се исплатат. Заради тоа што наша тенденција е да ги пуштаме навремено и да им помогнат на граѓаните, тогаш кога им треба и верувам дека овие денови ќе се решат административните проблеми, коишто постојат, за да се исплатат субвенциите, вели Заев.

Поврзани вести

Штедачите на Еуростандард банка ќе бараат да се донесе закон за нивно обесштетување

Берта Китинска

Бензините поевтинуваат за 2, а дизелот за 1,5 денар

Димитров: Компаниите гледаат спас во донесувањето на законот за финансиска поддршка на платите

Влатко Зорба