СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тајланд најде уште еден извор на приход

Тајланд предложи одгледување канабис на земјоделците како уште еден извор на приход, изјави денеска портпаролката на владата, Траисули Траисоранкул.

„Секој има право да одгледува марихуана во партнерство со провинциски болници, но само за медицински цели“, рече владиниот портпарол додавајќи дека заинтересираните за одгледување марихуана треба да бараат дозвола само од властите, пренесе Ројтерс.

„Досега, 2.500 домаќинства, во соработка со 251 болници, одгледуваа 15.000 растенија канабис. Се надеваме дека канабисот и конопот ќе бидат примарен извор на приход за земјоделците“, рече Траисоранкул.

Универзитети, општински здруженија, медицински лица и луѓе кои практикуваат традиционална медицина, исто така можат да аплицираат за дозвола за одгледување канабис.

Државната фармацевтска организација објави дека ќе купи канабис по цена од 1.500 долари за килограм, под услов да содржи 12% канабидол.

Поврзани вести

Започна глобалниот натпревар Huawei Next Design Awards 2021, дефинирајќи ја естетиката на иднината

Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 500 предлози за новата црногорска авиокомпанија

Влатко Зорба

Објавена листата на обуки за ИТ-вештини и нивни даватели, може да аплицираат млади до 29 години