СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Rimac го презема Bugatti?

Rimac Automobili и супер-автомобилот на Volkswagen, Bugatti, се технолошки добар пар, изјави Оливер Блуме, директор на Porsche за германски Automobilwoche, пренесува Ројтерс. Изјавата ја разбуди надежта дека Римац навистина може да го преземе Bugatti, за што се зборува веќе неколку месеци, пренесе „Пословни“.

Имено, во септември минатата година британскиот портал CarMagazine објави дека групацијата Volkswagen ќе му го предаде Bugatti на Rimac, во замена за зголемување на уделот на Porsche во Rimac Automobili.

Volkswagen е сопственик и на брендот Porsche, кој со текот на годините има стекнато 15,5 проценти од акциите во хрватската компанија. Уште во 2018 година тие купија 10% од акциите, а една година подоцна уште 5,5%. CarMagazine тогаш тврдеше дека раководството на VW има намера да го зголеми тој удел на 49 проценти.

„Во моментов, интензивно размислуваме како да обезбедиме развој на Bugatti на најдобар можен начин. Rimac би можел да игра значајна улога во ова затоа што двата бренда се вклопуваат технолошки“, изјави Блуме за Automobilwoche.

„Постојат различни сценарија со различни структури. Верувам дека одлука за ова прашање ќе биде донесена во првата половина на оваа година“, додава Блуме.

Поврзани вести

Попрво ќе го откажат одморот, одошто да се тестираат и да носат маски

msp-admin

Покрената програма на Светска банка за помош на иновативни мали и средни претпријатија од Западен Балкан

msp-admin

HTC: Престанавме да создаваме иновации во паметните телефони

msp-admin