СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Потегот на Кина кој предупредува на потенцијален проблем – ХРАНА?

Кина планира да побара подобри приноси на жито од регионите и да ја зголеми поддршката за домашната индустрија за семиња, otkako пандемијата Kовид 19 го засили својот фокус на безбедноста на храната, покажува официјален документ.

Годишниот план за рурален развој става поголем акцент на побезбеден пристап до храна за сите граѓани отколку во претходните години, забележува Ројтерс врз основа на увидот во документот.

Пекинг исто така ги повика сите региони да ги подобрат приносите на жито помеѓу 2021 и 2025 година.

Кинеската влада генерално се залага за домашно производство на храна за 1,4 милијарди луѓе, а фокусот е заострен од пандемијата, која ги погоди водечките светски извозници на храна и предизвика страв од проблеми со снабдување со храна.

Покрај локалната самоуправа, одговорноста ќе ја сносат комитетите на Комунистичката партија. Кина ќе изгради „национален индустриски појас за безбедност на храната“, се вели во документот.

Појасот треба да ги поврзе сите клучни амбари во земјата, рекоа официјалните лица на состанокот во декември.

Владата во документот повтори дека новиот приоритет ќе биде секторот семе, за кој сметаат дека е клучен за суверенитетот во снабдувањето со храна, барајќи побрзо спроведување на големите научни проекти за одгледување.

Тие повикуваат на „индустриска примена на органското земјоделство“, користејќи термин кој, меѓу другото, вклучува и генетски модифицирани култури.

Исто така, ја нагласуваат потребата за подобра заштита на правата на интелектуална сопственост при одгледување и поддршка на водечките производители на семиња во изградбата на системи за комерцијално одгледување.

Кина планира и да го стабилизира производството на соја и да го развие одгледувањето маслодајни масла, вклучувајќи маслодајна репка и кикирики и да го „диверзифицира“ увозот на земјоделски производи, се вели во документот.

Тој најавува и изградба на современ систем на одгледување животни и заштита на производствените капацитети при одгледување свињи.

Поврзани вести

Почина долгогодишниот директор на НЛБ, Љубе Рајевски

msp-admin

Kia го претстави својот прв електричен кросовер

Влатко Зорба

ЕУ започна нова истрага за бизнисот со Apple

msp-admin