СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Загубите на берзата повторно се бројат во милијарди: Нов удар на акциите на „Reddit“

Оние кои „се обложија“ на падот на цените на акциите на „GameStop“, односно оние кои имаа таканаречени „кратки позиции“ на берзата, загубија околу 1,9 милијарди долари за само два дена, откако омилената „мем акција“ на „Reddit“ повторно оживеа.

Акциите на синџирот на видео игри „GameStop“ нагло пораснаа за повеќе од 100 проценти во средата, а големата нестабилност дури доведе до запирање на трговијата. Ненадејното закрепнување на овие акции придонесе за загуба од 664 милиони долари за инвеститорите кои „се обложија“ против „GameStop“, според податоците на компанијата за финансиска анализа „S3 Partners“.

Побарувачката за акциите на „GameStop“ продолжи и во четвртокот и нивната цена се зголеми за дури 84 проценти на дневно ниво и се затвори со 19 проценти профит. Овој развој резултираше со дополнителна загуба од 1,19 милијарди долари за оние кои имаат „кратки позиции“, покажуваат пресметките на „S3 Partners“.

Акциите на „GameStop“ и во петокот беа во пораст, а досега им нанесоа загуби на инвеститорите во износ од 10,75 милијарди долари, покажуваат податоците на аналитичката компанија.

Сепак, дури и милијарди загуби не ги спречуваат инвеститорите да продолжат да „обложуваат“ на падот на акциите, а бројот на „кратки позиции“ се зголеми за 15% минатата недела.

Последниот бран е неспоредлив со хаосот на берзата на кој бевме сведоци во јануари, кога акциите на „GameStop“ скокнаа за околу 1.800 проценти во одреден момент, потсетува „РТ“.

Лудоста за овие активности ја разгореа малите инвеститори од „озлогласената“ група на „Reddit“ наречена WallStreetBets, која им објави војна на големите играчи на Волстрит. Овие мали инвеститори ја поттикнаа цената на акциите на „GameStop“ на историско високо ниво и ги принудија големите хеџ фондови да се соочат со големи загуби.

Таканаречената „меме трговија“ го привлече вниманието на политичарите и регулаторните тела. Минатата недела Комитетот за финансии при Конгресот на САД ги испрашуваше врвните директори на компании вклучени во сагата со „GameStop“, вклучувајќи го и раководителот на „Robinhood“, апликација која беше во епицентарот на избезуменото тргување и која забрани трговија со нестабилни акции.

Поврзани вести

Автомобилскиот пазар во ЕУ го забележа најмрачниот јануари во својата историја

Влатко Зорба

ММФ: Валутите на централните банки ќе се соочат со притисок

Влатко Зорба

За 7 години претворил заем од 2.000 долари во бизнис вреден 90 милиони

Влатко Зорба