СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Банка на Америка: Кина ќе ги надмине САД и ќе стане најголемата економија на светот во 2028 година

Кина има добри шанси да ја удвои големината на својата економија до 2035 година и попат да ги надмине САД како најголема светска економија, рече економистот на Банката на Америка (BofA), Хелен Кјао.

Додека Кина сака да стане напредна земја, кинескиот претседател Си Џинпинг неодамна изјави дека е можно двојно да се зголеми бруто домашниот производ и приходот по глава на жител до 2035 година.

Двојно зголемување на кинескиот БДП бара просечна годишна стапка на раст од 4,7 проценти во следните 15 години – нешто што според некои набудувачи е тешко да се постигне.

Хелен Кјао, раководител за азиска економија во BofA Global Research, рече дека некои реформски мерки ќе и помогнат на Кина да го постигне тоа.

„Сметаме дека Кина може да го реализира тоа“, рече таа за Си-Ен-Би-Си во петокот.

Покрај двојно зголемување на БДП, азискиот економски гигант би ги надминал САД како најголема светска економија во 2027 или 2028 година, предвидува Кјао.

Кина беше една од ретките економии на глобално ниво што растеше во 2020 година и покрај предизвиците на пандемијата на коронавирус.

Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година пораснала за 2,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд за Кина годинава прогнозира раст од 8,1 процент.

Во меѓувреме, економијата на САД се намали за 3,5 проценти во 2020 година, според најновите проценки на владата.

ММФ соопшти дека економијата на САД годинава може да порасне 5,1 процент.

Поврзани вести

Во Австрија 30.000 компании се на работ на егзистенција

Влатко Зорба

За 35 отсто пад на приходите на 30 најголеми државни компании

msp-admin

САД се на добар пат за прв пат од 2013 година да пријават намалување на трговскиот дефицит

msp-admin