СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Рајанер објави пониски цени на билетите

Рајанер најави намалување на цените на билетите на летовите на нискобуџетната авиокомпанија, за период од една година.

Извршниот директор Мајкл О’Лири се надева дека Рајанер ќе превезува околу 70 проценти од патниците во текот на летото, во споредба со стандардните бројки што авиокомпанијата ги постигна пред пандемијата на коронавирусот.

„Се надеваме дека веќе во текот на есента и зимата, таа бројка ќе достигне 80 проценти, бидејќи пандемијата ќе биде што е можно под контрола“, рече О’Лири.

Како прво, Рајанер сака да ги охрабри британските туристи да одлучат да патуваат во странство во текот на летото, бидејќи тие носат значителен дел од профитот на компанијата.

Од март минатата година, кога започна пандемијата на вирусот, Рајанер има превезено само 27 милиони патници – неспоредливо помалку од 150 милиони, што е најдобар резултат од периодот пред пандемијата.

Поврзани вести

Наскоро ќе можеме да заработуваме пари преку Twitter

Влатко Зорба

Автомобилскиот пазар во ЕУ го забележа најмрачниот јануари во својата историја

Влатко Зорба

Како земјите во светот ги третираат фриленсерите?

msp-admin