СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Електричниот автомобил на VW успешно се натпреварува со Model 3 на Tesla

Лансирањето на првиот специјализиран електричен автомобил на Volkswagen AG успешно се натпреварува со моделите на Tesla Inc. во неколку клучни аспекти, испраќајќи ги акциите на германскиот производител на нивоа што последен пат беа видени пред „дизелгејт“, пишува „Блумберг“.

Деталното прегледување на моделот ID.3 од страна на аналитичарите на UBS Group AG откри дека платформата што стои зад електричните модели на VW ќе биде целосно конкурентна со Tesla и ќе може да се пофали со најдобрата во својата класа енергетска густина и ефикасност. Аналитичарите предводени од Патрик Хамел го нарекоа автомобилот „најсигурен напор за електрични возила во споредба со која било друга автомобилска компанија досега“.

Позитивниот рејтинг на UBS е најновиот за електричното возило, кое минатата година не стартуваше добро. Доцнењата во производството, софтверските проблеми и нарушувањата поврзани со пандемијата Ковид-19 го погодија почетокот на ID.3 и ја доведоа во прашање можноста на традиционалните производители на автомобили да нудат производи што можат да се натпреваруваат со модели слични на Tesla, како што е Model 3.

VW планира да го удвои учеството на продажбата на своите целосно електрични автомобили оваа година, што сугерира дека може да ја достигне продажбата на Tesla со зголемување на пратките на околу 700.000 автомобили. Tesla очекува да продаде најмалку 750.000 автомобили во 2021 година.

На почетокот на оваа недела стана јасно дека германскиот производител на автомобили размислува да создаде кабриолет верзија на својот електричен хечбек ID.3, a компанијата започна истражување me]u корисниците на социјалните мрежи.

Извршниот директор на групата Херберт Дис се обрати до следбениците на VW на Twitter и LinkedIn за совет за електричен кабриолет, додека шефот на брендот Ралф Брандстетер напиша на LinkedIn дека конвертибилната верзија на ID.3 „може да обезбеди целосно ново, извонредно чувство за слобода“.

Volkswagen го лансираше ID.3 во 2020 година во Европа. Брендот потоа го додаде кросоверот ID.4, првиот глобален електричен модел во серијата, со фокус на американскиот и кинескиот пазар. ID.4 се очекува да стане најпродаваниот автомобил во серијата.

Поврзани вести

Robinhood собра дополнителни 2,4 милијарди долари од своите акционери

Влатко Зорба

Светска двојна МБА диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот Стразбур на СИТИ Колеџ

Влатко Зорба

Вол стрит со мал пад, загрижува инфлацијата