СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Инвестициите во електро преносниот систем се од клучно значење за севкупниот економски развој на државата

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на денешното означување на почетокот на изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле, изјави дека во услови кога со децении ништо не е инвестирано во преносната мрежа, оваа Влада, заедно со стручниот тим на МЕПСО инвестира во реконструкција и модернизација на шест далекуводи од преку 130 километри.

„Изминатата година целосно се завршени обемните реконструкции на трафостаниците Валандово, Осломеј, Дуброво и Прилеп, а во тек е реконструкција на транфостаниците во Битола, Струмица, Вруток и Скопје 4. Ова е доказ дека остануваме целосно посветени на изградба на стабилен електропреносен систем во државата. Инвестициите во електро преносниот систем се од клучно значење за севкупниот економски развој на државата. За да го стимулираме економскиот раст и да одржиме стабилност во енергетскиот сектор, овие инвестиции ни се неопходни заради модернизација на електро енергетските постројки”, изјави Бочварски.

Генералниот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани истакна дека со оваа инвестиција ја спроведуваме стратешката цел на Владата, а тоа е транзиција на производството на електрична енергија од јаглен кон обновливи извори на енергија. Дополнително додаде тој, на овој далекувод, во иднина ќе биде приклучена ветерната централа „Богословец” со инсталирана моќност од 36 МW.

Претставникот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Анди Аранитас ја поздрави посветеноста на Владата за имплементација на Зелената агенда во Стратегијата за енергетика со фазно деактивирање на термоцентралите, Осломеј и во Битола, како и целокупната декарбонизација на земјата, во согласност со барањата на Европската Зелена агенда и Парискиот договор.

„Изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле, е само дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електро-преносната мрежа на Република Северна Македонија. Истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далекуводи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години. Се вложува со над 15 милиони евра за изградба на над 130 километри нови далекуводи”, истакна пак премиерот Зоран Заев.

Поврзани вести

Азески: Западен Балкан може да понуди успешна економска приказна, но само ако сите земји функционираат во ист правец

За време на вонредната состојба: Граѓаните бараат уредба за воведување евтина тарифа на струјата

Бабовски: Ние покажавме како треба вистински парите да се насочат кон земјоделците