СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Владата ја дополни одлуката за забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока

Владата на Република Северна Македонија денеска одржа кратка седница на која е донесен заклучок во однос на исклучоците кои се однесуваат на дозволите за време на забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока, за кои ќе биде дозволено нивното движење доколку за стоката е издаден транспортен документ Т1 или ТИР карнет, или пак, извозен придружен документ ИПД.

На денешната седница е донесена и препорака за дообјаснување на делот од одлуката на Владата кој се однесува за дозволениот период за движење/транзитирање на транспортерите, со што се посочува дека за овие економски оператори важат претходно воспоставените правила, односно транзитниот период се определува од три до пет часа и го одредува граничниот службеник врз основа на изјавата на економскиот оператор за транзитирање низ земјата, од влезен граничен премин до излезен граничен премин.

Поврзани вести

Нема финансиска пречка за одржувањена локалните избори, вели Бесими

Влатко Зорба

Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, се вложуваат 190 милиони денари во земјоделското производство

Влатко Зорба

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем има капацитет со кој може да ја испорача потребната поддршка за населението