СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

„Кинескиот крал“ претстави еден од најмоќните телефони за 2021 година

Oppo неодамна изби на првото место во Кина по бројот на продадени телефони, а сега го претстави својот предводник за оваа година – Oppo Find X3 Pro.

Уредот носи сè што би очекувале од моќен телефон со Android во 2021 година.

Има 6,7-инчен екран, со QHD + резолуција и брзина на освежување од 120 Hz. Се напојува со најмоќниот чипсет Qualcomm – Snapdragon 888, и има 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Батеријата на овој телефон има капацитет од 4.500 mAh.

На задната страна има 4 камери, каде што главната и ултра-широката леќа имаат резолуција од по 50MP. Телефото-камерата има резолуција од 13MP, а особено интересна е четвртата камера – таа е со резолуција од 3MP со можност за зумирање до 60 пати и може да се користи скоро како мини-микроскоп.

Секако, кога станува збор за други опции, има поддршка за 5G, IP68, како и оперативен систем ColorOS 11.2, базиран на Android 11.

Го нема кај нас, и нема да се најде во официјална продажба, а на пазарите каде ќе биде достапен од 30 март, ќе чини околу 1.150 евра.

Поврзани вести

Inseego и Net4 ги здружија силите за да испорачаат 5G решенија за приватните мрежи низ Европа

Stefanija Kuzmanovska

Signal во новото ажурирање носи поефикасно управување со податоците

Влатко Зорба

Гејтс ја отвори душата: „Бев неверојатно љубоморен на Џобс“

msp-admin