СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Издадени 199 одобренија за градење во јануари, пад од 24.6 % во однос на минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021 година се издадени 199 одобренија за градење, што е за 24.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 016 567 илјади денари, што е за 40.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 105 (52.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 38 (19.1 %) за објекти од нискоградба и 56 (28.1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 199 објекти, на 90 (45.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109 (54.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 182 станови, со вкупна корисна површина од 17 325 м2.

Поврзани вести

ССК: Континуитет на економските мерки за одржување на деловната активност и работните места

Влатко Зорба

Нето-задолжувањето преку државни хартии од вредност проектирано на 15.375.000.000 денари, соопшти Владата

TУК: Новите рестриктивни мерки за угостителскиот сектор се селективни и непрецизни

Берта Китинска