СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Одобрени уште 1,4 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Нова група од 124 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, соопштија од Развојна банка на Северна Македонија.

Досега, од кредитната линија за која се предвидени средства од 31 милион евра, се одобрени 2.583 кредитни барања на вкупен износ од 29,3 милиони евра. Овие барања ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7-ми декември 2020 год.

Според структурата на одобрените кредитни барања, 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 барања се од микро компании, 164 кредитни барања се од трговци-поединци и 52 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.583 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 32%, а по него следат Полошкиот регион со 15%, Југоисточниот со 12% и Југозападниот регион со 11%. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по десет отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат по 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè додека не се исцрпат расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

Поврзани вести

Намалени увозните цени на горивата во август

msp-admin

ССМ: Работодавачите на почетокот на месец јули да исплатат регрес за годишен одмор

Бесими на средба со коморите: Низ инклузивен процес ќе се носат одлуки за подобар и поефикасен даночен систем

Влатко Зорба