СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тесла инвестираше скоро 6 милијарди евра во фабриката близу Берлин

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла инвестираше околу 5,8 милијарди евра во првата фабрика во Европа, близу Берлин, објави германската телевизија ЗДФ.

Американскиот производител не ја соопшти висината на инвестицијата, но портпаролката на Министерството за економија на германската сојузна држава Бранденбург, каде се гради фабриката, потврди дека вредноста на инвестицијата што ја објави ЗДФ во вторникот е точна.

Производството се очекува да започне во фабриката во близина на Берлин во јуни и треба да произведува до 500.000 возила годишно.

Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, исто така, планира да започне масовно производство на ќелии на батерии во околината на германскиот главен град.

Фабриката треба да произведе нов вид батерија која ќе има шест пати повеќе сила, ќе зафаќа помалку простор и ќе троши помалку енергија, велат извори од индустријата.

Поврзани вести

„Амазон“ отвора фризерски салон во Лондон

Влатко Зорба

Стопанска Комора на Србија: Новата пруга од Белград до С.Македонија ќе донесе нови инвестиции и поголема конкуренција во целиот регион

Влатко Зорба

Наскоро ќе можеме да заработуваме пари преку Twitter

Влатко Зорба