СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Влада: Минималната плата ќе продолжи да расте, обвинувањата на КСС се неосновани

Главен приоритет на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за труд и социјална политика е заштита и унапредување на правата на работниците, но и на соодветен надомест за вложениот труд. Токму затоа од 2017 година минималната плата е покачена за шест илјади денари и ќе продолжи да расте во согласност со Законот за минимална плата, соопштија од Владата.

„Неприфатливи се барањата на претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Благоја Ралповски, Владата и Министерството за труд и социјална политика да постапуваат спротивно на Законот за минимална плата. Сметаме дека обвинувањата на КСС се несериозни и неосновани.

Институциите се должни да го почитуваат и доследно да го спроведуваат законот, затоа што само на тој начин граѓаните и работниците ќе бидат заштитени и нема да се соочуваат со неизвесност.

Со цел да овозможиме широк и сеопфатен дијалог, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика даваат можност на сите чинители да дадат свој придонес во дебатата за економско-социјалните прашања.

КСС, иако нема утврдена репрезентативност, е дел од дијалогот што се води на Економско социјалниот совет, но можноста за гласање ја имаат само репрезентативните претставници на работниците и на работодавачите.

За жал КСС, во услови кога во Економско-социјалниот совет сé уште не е затворено прашањето за покачување на минималната плата, ја манипулира јавноста и ја злоупотребува можноста што им е дадена да присуствуваат на тие состаноци.

Во однос на колективното преговарање, тоа е процес што се одвива помеѓу социјалните партнери потписници на колективниот договор. Владата на Република Северна Македонија секогаш дава поддршка и го охрабрува колективното договарање меѓу работодавачите и работниците, но нема законски ингеренции да влијае на тој процес“, се додава во соопштението.

Поврзани вести

Битиќи на консултативна средба со граѓански организации за секторски политики за конкурентност и иновации

Влатко Зорба

Инвестиција од 50 милиони евра: С.Македонија патно ќе се поврзе со Бугарија

Берта Китинска

С. Македонија во 2020 година: 6 „црвени знамиња“ од извештајот на Енергетската заедница (инфографик)

Влатко Зорба