СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Раст кај вкупните приходи од 3,1%, кај даночните од 4,2%

Наплатата на приходите во буџетот од почетокот на годината е подобра и во однос на предкризниот период минатата година. Министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Дневникот на Сител, посочи дека наплатата на приходите во буџетот од почетокот на годинава заклучно средината на март е повисока за 3,1% во однос на истиот период минатата година, додека наплатата на даночните приходите е повисока за 4,2%.

-Буџетот е во добра кондиција, редовно и навремено се извршуваат обврските. Има раст кај вкупните приходи од 3,1%, кај даночните од 4,2% – со раст на наплатата на ДДВ и данокот на добивка, понатаму има раст на придонесите за 3,7%. Да напоменеме и дека компарацијата е со период кога се уште не се чуствуваат ефектите од ковид-кризата. Трендот е во насока на нашите проекции – вели Бесими.

Министерот посочува дека иако се уште постојат ризици од аспект на пролонгирање на здравствената криза, остварувањата од почетокот на годината говорат дека ќе се реализира базичното сценарио за раст на економијата од 4,1% во 2021 година. Доколку се пролонгира кризата и се реализира песимистичкото сценарио, растот ќе успори, но сепак ќе остане во позитивната зона.

Во однос на ребаланс на буџетот, министерот посочи дека уште кога се носел буџетот за годинава бил најавен ребаланс за средината на годината, што впрочем е пракса и во години кога нема криза во насока на оптимизирање на приходната и расходната страна согласно реалните потреби.

Поврзани вести

Д-р Дејан Лаковски на чело на „АстраЗенека“ за БиХ и Хрватска

Влатко Зорба

Петров: Ќе создадеме европски стандарди и услови за странските претприемачи да работат и живеат во Македонија

Влатко Зорба

38 американски држави го тужат Гугл

Никола Поповски