СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Повеќето ултрабогати луѓе живеат во овие 20 земји во светот

За оние кои имаат многу пари и знаат да заработат секогаш, дури и сегашната криза не можеше да стори ништо. Иако Ковид-19 „замрзна“ разни бизниси ширум светот, одредени поединци во овие 20 земји останаа недопрени.

„Visual Capitalist“ направи интересна анализа која покажува дека ултрабогатите станале уште побогати во 2020 година, во следните земји: САД, (континентална) Кина, Германија, Велика Британија, Франција, Јапонија, Италија, Канада, Русија, Швајцарија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Индија, Шпанија, Шведска.

Последните пет места се Бразил, Хонг Конг, Сингапур, Мексико и Австралија. Сепак, не е забележан позитивен раст насекаде во 2020 година. На европско ниво, Велика Британија имаше негативен раст од -8, а Италија -4%.

Од друга страна, Германија забележа раст од +43 проценти и има 28.396 ултрабогати. Пред неа се наоѓа само (континентална) Кина со 70.426 ултрабогати луѓе и САД со дури 180.060 богати граѓани од тој калибар.

На глобално ниво, гледајќи ги овие 20 земји, само Мексико и Бразил забележаа негативен раст: од минус 4 и минус 9 проценти, соодветно. Најмалку ултрабогати индивидуи има во Австралија, околу 3.124.

И покрај пандемијата, светското нето богатство на оваа специјална групација се зголеми за 2,4 проценти минатата година, а најголемиот раст до 2025 година се очекува во Азија, за 24 проценти, наспроти 17 проценти во 2015 година.

За да може некој да биде класифициран како „ултрабогата индивидуа“, тој мора да има најмалку 30 милиони долари нето вредност. Од вкупно 521.653 такви лица, дури 414.308 живеат во овие 20 земји во светот. Изразено во проценти, тоа е 80 проценти.

Поврзани вести

ПАД НА АКЦИИТЕ НА ФАЈЗЕР И АСТРАЗЕНЕКА: Една вест предизвика хаос на пазарот

Влатко Зорба

Партнер на Apple потпиша договор за соработка со кинески стартап за електрични автомобили

Влатко Зорба

Делови од ракетата „Фалкон 9“ завршија на фарма

Влатко Зорба