СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари

Минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари и ќе изнесува 15.400 денари, пренесе ТВ 24.

Ваквото зголемување доаѓа како резултат на усогласувањето и порастот на просечната плата, која и покрај кризата, статистиката пресмета дека се зголемила за 8,8%, како и порастот на трошоците.

Но негативниот БДП лани, не дозволува повисок раст на минималецот. А токму тоа го бараат синдикатите. Да нема работник во државата кој ќе зема плата под 16.000 денари.

Просечната плата во земјата, според Државниот завод за статистика, изнесува 28 294 денари.

Поврзани вести

 Азески со два предлога за посилна македонска економија во постковид-19 периодот

Берта Китинска

Преку виртуелната Б2Б платформа до партнерства со странски фирми

Берта Китинска

ССК: Сивата економија ќе ја победиме со примена на Законот против нерегистрирани

Влатко Зорба