СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гигантот Qantas порачува: Само вакцинирани во нашите авиони

Директорот на австралиската авиокомпанија Qantas, Алан Џојс, смета дека владите ќе инсистираат патниците на меѓународните летови да бидат вакцинирани против короната и додава дека вакцините ќе бидат клучен фактор за закрепнување на уништената авио-индустрија, која забележа рекорден пад на патнички сообраќај од 75,6 проценти.

Во интервју за Би-Би-Си, Џојс рече дека владите на многу земји интензивно ја споменуваат вакцинацијата како услов за влез, но тој додаде дека, дури и ако тоа не е стандард, тој лично смета дека авионската индустрија треба да ја воведе.

Quantas претходно најави дека нема да прифаќа невакцинирани патници во своите авиони.

„Наша должност е да се грижиме за патниците и членовите на екипажот, така што сите во авионот да бидат безбедни“, рече тој, додавајќи дека огромното мнозинство нивни клиенти сметаат дека тоа е добра идеја: 90 проценти од луѓето што ги испитавме сметаат дека вакцината за меѓународно патување треба да биде обврска “.

Има и такви кои не сметаат дека е добра идеја, вклучително и Светската здравствена организација, чиј директор на дигитални здравствени услуги, Бернардо Маријано, рече дека СЗО не се согласува со таа идеја.

„Без оглед што би сакале некои во приватниот сектор, потребен е унифициран пристап на сите влади за секоја промена да биде функционална“, рече тој.

Џојс, физичар и математичар по професија, верува дека вирусот ќе продолжи да циркулира дури и откако државите ги отворат своите граници еден ден.

„За повеќето луѓе во Австралија, тој факт е тешко да се прифати. Ние мора да ги убедиме луѓето дека намалувањето на ризикот од инфекција на нула е невозможно, така е и со други опасности во другите сфери на животот“, рече тој.

Поврзани вести

Fiat инвестира милијарди евра во фабрика во Европа

Влатко Зорба

„Амазон“ со најголем приход на сите времиња во четвртиот квартал

Влатко Зорба

ЕК пушти транша од 9 милијарди евра за земјите-членки погодени од пандемијата

Влатко Зорба