СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шпанија ќе тестира 4-дневна работна недела

Шпанија наскоро треба да го започне пробниот период од четиридневната работна недела предложена од партијата „Мас Паис“ на почетокот на оваа година, и ако тестирањето помине правилно и идејата е целосно прифатена, Шпанија може да стане една од првите земји во светот што ќе аплицира таков систем.

Тестирањето на овој пилот проект ќе започне на есен, ќе трае три години, а во него ќе бидат вложени 50 милиони евра со цел да се овозможи тестирањето да помине со минимален ризик, пишува „Гардијан“.

Партијата „Мас Паис“ се надева дека ќе ги види резултатите што ги постигна шпанската компанија „Делсол“ во целата земја и чии работници веќе извесно време работат само четири дена во неделата.

„Јасно е дека начинот на работа им прави стрес на луѓето, прекумерната работа ги заморува и сето тоа остава големи последици врз менталното здравје. Четиридневната недела би била добра за економијата, за работниците и за животната средина“, наведуваат од партијата.

Поврзани вести

Европските железници на работ на колапс

Влатко Зорба

Колку вреди денеска Zoom?

msp-admin

Дерипаска најде алтернатива на Суецкиот канал во Русија

Влатко Зорба