СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Џордан „осиромаши“ за 500 милиони долари за една година

Економската криза што ја придружуваше пандемијата на коронавирус имаше негативно влијание врз бизнисот на Мајкл Џордан.

Богатството не еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, минатата година падна за 500 милиони долари и сега изнесува 1,6 милијарди долари.

Џордан, и покрај падот на вредноста на имотот за 24 проценти, останува меѓу 1.500 најбогати луѓе во светот.

Во април минатата година, неговото богатство беше проценето на 2,1 милијарди долари, а падот се должи на пандемијата и лошите инвестиции.

Мнозинскиот сопственик на франшизата во НБА, Шарлот Хорнетс продолжува да трупа богатство врз основа на договори со многу брендови. Иако поминаа повеќе од 18 години откако ја фрли последната топка кон кошот, патиките со неговото лого се уште се едни од најбараните во светот.

Заработува 100-150 милиони долари годишно само од нив.

Поврзани вести

Роналдо го купи најскапиот стан во Лисабон (ВИДЕО)

Градот каде што жичара е ТРАНСПОРТ за сиромашни (ВИДЕО)

Влатко Зорба

3 причини зошто не успевате да заштедите

Влатко Зорба