СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Џонсон: Успехот со вакцините е благодарение на капитализмот и алчноста

Алчноста и капитализмот се во срцето на успешната кампања за вакцинација против коронавирусот во Велика Британија, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, цитиран од „Гардијан“. Ова тој го рече за време на затворената онлајн средба со пратениците од Конзервативната партија.

Неговите коментари доаѓаат во време на критиките на ЕУ за недостаток на реципроцитет во извозот на вакцини за коронавирус.

Според Европската комисија, повеќе од 34 милиони вакцини се извезени од заедницата, од кои 10 милиони во Велика Британија. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лејен прокоментира дека очекува реципроцитет во односите со Лондон.

Поради коментарите дека Велика Британија не дозволува извоз на вакцини „АстраЗенека“ произведени во британските фабрики на компанијата, европските лидери ќе разговараат за забрана за извоз на вакцини за време на нивниот состанок на 25 и 26 март.

„Даунинг стрит 10“ во оваа фаза одби да ги коментира зборовите на Џонсон. Според учесниците на состанокот, што се одржа во апликацијата „Зум“, премиерот додал дека жали за своите зборови. „Заборавете дека го кажав тоа“, им споделил британскиот премиер на своите сојузници.

Неговите зборови беа остро критикувани од опозицијата на земјата. Лабуристите го нарекоа „најгрд коментар на денот“, а пратеничката Ангела Игл на Твитер напиша дека алтруизмот, а не алчноста, ќе нè спаси од оваа криза.

Досега, 28,3 милиони Британци се вакцинирани со најмалку една доза, а над 2,3 милиони биле вакцинирани со две дози, според локалните здравствени власти. Инциденцата за последните седум дена се намали на 57,1 на 100 илјади луѓе.

Поврзани вести

Клучните карактеристики на успешните, според шефот на најголемата банка во САД

msp-admin

ПОСКАПЕ БЕНЗИНОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Цените повисоки за 20 проценти од 1 јануари

Влатко Зорба

Акциите пораснаа откако демократите ја презедоа контролата над Сенатот

Влатко Зорба