СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Европски суд потврди дека Лего коцките се „единствени“

Данскиот производител на играчки, Лего, доби судски спор пред вториот највисок европски суд, поврзан со обезбедување на ексклузивни права за дизајнот на неговите разнобојни пластични коцки, кои ги обожаваат и децата и возрасните ширум светот.

Судот со седиште во Луксембург ја отфрли одлуката на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (ЕУИПО) од 2019 година, која застана на страната на германскиот производител на играчки и хардвер „Delta-Sport Handelskontor GmbH“. Ројтерс потсетува дека компанијата побара „дизајнот на коцките Лего да се прогласи за неважечки“.

Данската компанија ја оспори таа одлука на суд, кој денес објави дека не се согласува со проценката на Европската агенција за заштита на трговската марка.

„ЕУИПО погреши кога го прогласи дизајнот на коцките Лего за комплетот играчки за конструирање за неважечки. ЕУИПО не ја испита релевантноста на барањето на исклучокот на кој се потпира Лего и не ги зеде предвид сите карактеристики на изгледот на коцката“, рекоа судиите.

На одлуката на судот може да се поднесе жалба до Судот на правдата на ЕУ, највисокиот суд во Европа.

Поврзани вести

Трошиме цел саат за спуштање филм од Интернет, а некаде тоа е готово за 2 минути

msp-admin

РЦФ: 18,8 милиони евра за поддршка на 60 проекти во Западен Балкан

Влатко Зорба

„Новоматик“: Згрозени сме од леснотијата со која Коцевски изнесува обвинувања за наводна проституција во нашите објекти

msp-admin