СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Lamborghini Urus возеше рекордни 298 км/ч на замрзнатото Бајкалско езеро

„Деновите на брзината“ што се одржаа на руското Бајкалско езеро, најдлабокото езеро на светот чија површина моментално е замрзната, постави нов рекорд за брзо возење на ледена површина. Нов светски рекордер во оваа дисциплина е теренецот Lamborghini Urus, а компанијата се пофали со достигнувањето.

Тие велат дека Urus, управуван од искусниот руски возач на мраз Андреј Леонтиев, покажал исклучителни перформанси, сила и ракување и покрај намалената влечна сила поради ледената патека и постојаните налети на ветерот. Леонтиев искористи 650 коњски сили од твин-турбо V8 мотор за да забележи максимална брзина од 298 км на час на патеката од 1.000 метри. Најголемата брзина на Urus според официјалните карактеристики е 305 км на час, така што во овие екстремни услови, луксузниот теренец на Lamborghini го достигна скоро својот фабрички прогласен максимум.

Мерејќи го времето на 1.000 метри, кога стартуваше од запрена позиција на стартот, Леонтиев постигна просечна брзина од 114 км / ч со Urus.

Овие рекорди ќе бидат потврдени во април, кога Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и Руската автомобилска федерација (РАФ) официјално ги објавуваат резултатите од мерењата од настанот што се одржа на Бајкалското Езеро од 10 до 13 март.

Поврзани вести

Принцот Чарлс и големи компании се здружуваат за справување со климатската криза

Влатко Зорба

3 причини зошто не успевате да заштедите

Влатко Зорба

УМСТВЕНИ ИГРИ со кои ќе бидете ПОДОБРИ ЛИДЕРИ

Влатко Зорба