20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Директните ефекти од пописот се значајни за бизнисот да ги планира своите инвестиции

Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, истакна дека пописот е исклучителна статистичка операција за земјава, од причина што државата и економијата и граѓаните мораат своите одлуки да ги базираат на фактички податоци, а не основа на претпоставки.

„Успехот на пописот зависи од тоа сите заедно да учествуваме во спроведувањето. Неговото значење е повеќекратно. Директни ефекти од пописот се значајни за бизнисот да ги планира своите инвестиции. Самите бизнини можат подобро да планираат во однос на каква структура на население има или каква образовна и старосна структура има. Без пописот, многу е тешко да се планираат чекорите, одлуките на владата, локалната самоуправа, стопанството и граѓаните“, објасни Ковачевски во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Поврзани вести

Сметководителите погодени од кризата со коронавирусот, ќе испорачаат предлог-барања за поддршка

Европа испраќа 530 милиони евра, поддршка ќе добијат и земјите кандидати, но не и Македонија

Влатко Зорба

Зошто е важно да им се помогне на сите македонски компании кои континуирано инвестираат на пазарот?

Влатко Зорба