СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Google ќе плаќа надомест на италијанските медиуми

Google во средата објави дека потпиша серија договори за лиценцирање со италијански медиуми, со што се отвори патот за надоместоци за издавачите на печатени изданија според законот утврден со европска директива пред две години, сличен на авторските права

Овие договори ќе им овозможат на италијанските издавачи пристап до Google News Showcase, новата програма објавена од Google минатата година преку која им плаќа на медиумите за богат избор на содржина.

„Потпишани одделно, овие договори претставуваат важна пресвртница во односот на Google со италијански издавачи, плаќајќи им на издавачите како дел од Google News Showcase“, објасни гигантот од САД во изјава.

Google News Showcase „ќе биде достапна во Италија во наредните месеци“, соопшти компанијата. „Овие договори претставуваат важен чекор и потврда на посветеноста на Google кон италијанските издавачи“, рече Фабио Вакароно, извршен директор на „Google Italy“.

Меѓу потписниците на договорот се RCS MediaGroup, Il Sole 24 Ore, Gruppo Monrif, Caltagirone Editore, Il Fatto Quotidiano, Libero, Il Foglio, Il Giornale, Il Tempo, Ciaopeople, Edinet, Gruppo Corriere, Citynews и Varese web.

„Плаќањето информации, вклучувајќи ги и правата поврзани со дистрибуција на дигитални содржини, се главните теми за кои се бореше нашата издавачка група“, коментира Џузепе Цербоне, раководител на водечкиот економски весник „Il Sole 24 Ore“.

Поврзани вести

Повеќе од 130 земји се согласија за глобална даночна реформа

msp-admin

Делови од ракетата „Фалкон 9“ завршија на фарма

Влатко Зорба

ПАНДЕМИЈА НА НЕВРАБОТЕНОСТ: Отпуштања во Европа, најмногу невработени во Австрија од Втората светска војна

Влатко Зорба