СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Јанчев демантираше дека ќе се затвора „Дрекслмајер“

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за КТВ рече дека фабриката „Дрекслмајер“ нема да се затвора и од август се враќа на работа во полн капацитет. Тој појасни дека Дрекслмајер е сериозна компанија на национално ниво.

Ова доаѓа откако носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Александар Николоски на партиски собир во Криволак пред присутните поддржувачи на партијата рече дека „СДСМ ги затвора фабриките. Сега ја затвора и „Дрекслмајер“.

Јанчев апелираше до политичките партии да не ги мешаат компаниите во предизборната кампања.

Поврзани вести

Сиромаштијата расте, децата ги напуштаат училиштата

Влатко Зорба

Netflix веќе нема да работи на овие уреди, погледнете дали сте засегнати

msp-admin

Кина ќе ја претекне Америка 5 години порано отколку што се очекуваше

Влатко Зорба