СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лотарија со 40% помала оперативна добивка во 2020 година

Лотарија на Македонија соопшти дека минатата година оствариле позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех во износ 6.501 илјади денари, што претставува намалување за 40,00% споредбено со 2019 година. Оперативната добивка е во износ од 7.526 илјади денари, и споредбено со минататa година има намалување од 40,00%.

Во 2020 година, кај друштвата кои влегуваат во консолидација, нема промени во сметководствените политики и методи, на вреднување на ставките во финансиските извештаи.

Остварените вкупни консолидирани приходи за период 01.01.2020-31.12.2020 година, се во висина од 28.803 илјади денари, се намалени за 20,80% споредбено со остварените приходи во 2019 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99,40% имаат оперативните приходи, а финансиските приходи учествуваат со 0,60%.

Вкупните консолидирани расходи за период јануари – декември 2020 година изнесуваат 21.284 илјади денари и истите се намалени за 12,28% во однос на 2019 година. Во структурата на вкупните расходи, оперативните расходи учествуваат со 99,16% и бележат пад од 8,00%, а финансисхите расходи учествуваат со 0,84% кои пак бележат пад од 86,00%.

Вкупните обврски од кредитните задолжувања во 2020 година се намалени за 13.416 илјади денари, односно друштвата кои влегуваат во консолидација немаат обврски по кредити, соопштија од компанијата.

Поврзани вести

ФИТР и ПроКредит Банка обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании

Шкријељ: Пензионерите добија повисока пензија за 722 денари

Берта Китинска

Костовски: Стечајот за Еуростандард е неправда и голем криминал

Берта Китинска