СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ЕУ го казни „Мудис“ со 3,7 милиони евра за неоткривање судир на интереси

Европскиот регулатор за финансиски пазари го казни „Мудис“ со 3,7 милиони евра во вторникот за кршење на европските регулативи, вклучително и проценка на должничките хартии од вредност на компаниите чијшто акционер е.

„Мудис“ ги прекршила прописите со вреднување на должничките хартии од вредност на компаниите во кои има 10 проценти, па дури и повеќе акции, или место во одборите, откри Европската агенција за хартии од вредност и пазари (ЕСМА).

Сите прекршувања се резултат на небрежност на компанијата, заклучи ЕСМА, додавајќи дека казната е изречена за компаниите на „Мудис“ во Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија за прекршоци од 2013 до 2017 година.

Агенцијата нема соодветна внатрешна политика или постапка за управување со судир на интереси, заклучи европскиот регулатор.

„ЕСМА смета дека за независен и квалитетен рејтинг и заштита на инвеститорот, клучно е агенцијата внимателно да ги идентификува, а потоа да ги елиминира судирите на интереси или да управува и да открива соодветни информации за да се избегне мешање на акционерите во процесот на рангирање“.

Тие заклучија дека „Мудис“ „немал намера да ги крши регулативите на ЕУ и дека (нивното кршење) не влијае на квалитетот на кој било рејтинг“, напиша портпаролот на „Мудис“ во е-пошта до Ројтерс.

Од Агенцијата посочуваат дека европскиот регулатор ги препознал чекорите што ги презел за да спречи повторување на вакви случаи во иднина.

Пред неколку години, ЕСМА исто така го казни „Фич“ со 5,1 милиони евра за слични прекршоци.

Поврзани вести

Кој на УЈП ѝ должи 8,9 милијарди денари?

msp-admin

„ТикТок“ доби нов сопственик? Треба да плати 30 милијарди долари!

msp-admin

Tesla доаѓа во Бугарија?

msp-admin