СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Влада: Преку фискалниот импулс од 704 милиони евра ублажен е падот на економската активност

На денешната владина седница е усвоена информацијата за статусот на реализација на економски мерки за справување со КОВИД-19 што ја презентираше Министерството за финансии.

Според анализата врз основа на која е направена информацијата одговорот на фискалната политика на пандемијата во земјата беше брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население и имаше значително влијание кон ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти. Фискалниот стимул на досега реализираните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП.

Оттука, се проценува дека преку фискален импулс од 704 милиони евра (6,5% од БДП) падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020 година, односно би изнесувал -8,4%, наспроти остварениот пад од 4,5%.

Со четирите анти-ковид мерки ублажени се последиците и во однос на стапката на невработеноста која во првото тромесечје на минатата година порасна од 16,2% на 16,7%, додека во третото и четвртото тромесечје бележи постепено намалување на 16,5% и 16,1% соодветно, со што просечната стапка на невработеност во 2020 година изнесува 16,4%.

Просечната месечна нето-плата во 2020 година, согласно предвидувањата, забележа раст од 7,8%, кој произлегува од мерките преземени пред пандемијата, како што се: зголемувањето на нивото на минимална плата, владината мерка за финансиска поддршка на работодавците коишто ќе извршат зголемување на платата до одреден износ, зголемените плати на вработените во јавниот сектор во септември 2019 година, како и дополнителното зголемување на платите во образованието и здравството во 2020 година.

Поврзани вести

Витаминка со донации за лицата со посебни потреби

Берта Китинска

Одложен состанокот со потенцијалните катарски инвеститори во Вардар

Влатко Зорба

Германската Влада одлучи да и помогне на националната авиокомпанија Луфтханза со девет милијарди евра