СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Потенцијалните резерви на нафта во Црна Гора се мерат во милијарди евра“

Министерот за капитални инвестиции на Црна Гора, Младен Бојаниќ рече дека инсталацијата на првата нафтена платформа на Јадранот е добар проект што ќе и помогне на Црна Гора.

„Судбоносно прашање е Црна Гора да излезе од економската криза“, рече Бојаниќ, одговарајќи на прашањето на пратеникот на албанската коалиција, Фатмир Џека, за поставувањето на нафтената платформа, пренесе „ЦДМ“.

Според него, договорите потпишани од претходната влада за истражување на нафта и гас се добри.

„Сè е јавно, отворено и транспарентно. Немам проблем да кажам дека поранешната влада се справила добро што се однесува до оваа работа“, истакна Бојаниќ.

Според него, концесионерите обезбедиле гаранција дека во случај на било каков инцидент, тие ќе ја сносат штетата и ќе плаќаат отштета на трети лица.

„Прерано е да се зборува за годишен профит. Она што можеме да го кажеме е дека потенцијалните резерви на нафта и гас се мерат во милијарди евра“, посочи Бојаниќ, додавајќи дека истражувачкото дупчење ќе трае четири до шест месеци.

На прашањето на пратеникот дали постои страв од последиците од дупчењето и дали по тој повод се консултирала Европската унија, Бојаниќ рече дека компанијата „Ени“ е од Италија, односно од ЕУ, па затоа е јасно дека ги почитуваат стандардите.

Поврзани вести

Кои се следните големи ризици според визионерите на Волстрит?

Влатко Зорба

ОПТИМИЗАМ ПОРАДИ НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Рекорден раст на американската берза

Влатко Зорба

Започна глобалниот натпревар Huawei Next Design Awards 2021, дефинирајќи ја естетиката на иднината

Stefanija Kuzmanovska