СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку повеќе „стега“ короната, толку поскапи се користените автомобили

Пандемијата на коронавирус во 2020 година ги погоди, помалку или повеќе, сите сегменти на пазарот. И додека побарувачката за нови модели опаѓа, расте свеста дека сопствениот превоз со автомобил е побезбеден за здравјето отколку употребата на јавен превоз.

Ова го стимулираше трендот на пораст на цените на користените автомобили, што трае од јули минатата година. Така, дури и вредноста на некои модели го надмина нивото на нивните цени од предкризната 2019 година.

Опсежната анализа на германската страница за продажба на користени автомобили – Mobile.de, која вклучува цени на 720.000 возила што се продадени или се уште се продаваат, покажа дека цените во февруари се за еден процент повисоки отколку во истиот месец во 2020 година

Соборен е и рекордот на просечна цена на користени автомобили, кој сега изнесува 24.793 евра.

Поврзани вести

Колку вреди денеска Zoom?

msp-admin

Се ближи крајот на конфликтот меѓу Кина и Џек Ма

Влатко Зорба

Британскиот јавен долг достигна НОВ РЕКОРД

Влатко Зорба