Европската унија одобри четири милијарди евра (4,7 милијарди долари) државна помош на Франција за националната авиокомпанија „Ер Франс“, која се бори со економските последици од пандемијата Ковид-19.
За возврат, француската авиокомпанија вети дека ќе ги направи своите слотови на парискиот аеродром Орли достапни на конкурентите, пренесува агенцијата АП.
Потпретседателката на Европската комисија Маргрет Вестагер рече дека ќе ја следи државната поддршка преку условите.
Минатата година „Ер Франс“ доби три милијарди евра директни заеми од државата како дел од процесот на докапитализација вредна до 1 милијарда евра.
Владата во Париз, најголемиот единствен акционер на „Ер Франс“, објави дека спасувањето на националната авиокомпанија е од суштинско значење за земјата, но дека не размислува за национализација на оваа компанија.
Во замена за спасувачкиот пакет финансиска помош, француската влада го постави управувањето со „Ер Франс“ како услови за постигнување профитабилност и вклучување во поголема одржливост на животната средина и усвојување мерки против загадувањето, додава американската новинска агенција
Да потсетиме, минатата година и германската авиокомпанија Луфтханза прифати државна помош во вредност од девет милијарди евра.