СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Халкбанк ќе го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра

Халкбанк АШ Турција, како главен акционер на Халкбанк АД Скопје, на 26 март свика вонредно собрание и донесе одлука со која ја поддржа Халкбанк АД Скопје со одобрена докапитализација во износ од значајни 20 милиони евра. Основна цел на оваа докапитализација е зајакнување на банкарскиот капитал во земјата и поддршка на реалниот сектор во земјава, особено годинава кога истиот има потреба за тоа.

И минатата година, со стартот на кризата предизвикана со Ковид-19, Халкбанк АШ Турција експресно одговори на новонастанатата состојба со докапитализација од 20 милиони евра што овозможи Халкбанк АД Скопје да излезе пресрет со ургентно донесени мерки кои се однесуваа на државата и на граѓаните- предвремено плаќање на данокот на добивка за 2020 година, мерки за одложување на плаќање на обврските на граѓаните и стопанството, како и со зголемено кредитирање. Минатата година вкупните кредити издадени од Халкбанк забележаа пораст од 14,10% во однос на декември претходната година, односно во апсолутен износ, растот на кредитирањето беше за околу 101,2 милиони евра. Истовремено и заштедите пораснаа за 18,63 отсто.

„Исклучително сме задоволни што Халк Банка А.Д. Скопје од самиот влез во банкарскиот сектор во Северна Македонија во 2011 година, секоја година е најбрзо растечка банка во земјата. Имавме за цел да создадеме стабилна банка која секогаш ќе биде прв избор во секторот, преку двојно зголемување на бројот на нашите филијали, бројот на вработени и воведување нови и иновативни услуги според потребите на клиентите, и горди сме што успеавме во тоа. Во овие десет години го стимулиравме развојот на банкарскиот систем во земјата, развивме стабилна банка од аспект на капиталот. Обезбедивме одржлив и здрав раст на банката во земјава. Благодарение на искуството на нашата банка, ќе ја зголемиме нашата поддршка и во наредниот период“, изјави Осман Арслан, главен извршен директор на Халкбанк АШ Турција.

Халкбанк е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Како најбрзорастечка банка на пазарот, Халкбанк АД Скопје е четврта најголема банка на пазарот според активата. Банката, благодарение на успешното работење, 2020 година ја заврши со актива од над милијарда евра, односно со раст од 14% во однос на крајот на претходната година, од кои 140 милиони евра сопствени средства.

„Поддршката која постојано ја имаме од нашата матична банка значи многу за Халкбанк АД Скопје бидејќи овозможува остварување на сите наши планови и активности. Со зголемување на капиталот ќе имаме можност, исто како и досега, навремено и соодветно да одговориме на потребите на реалниот сектор, особено во овој предизвикувачки период. На тој начин докажуваме дека сме цврсто фокусирани кон тоа да ја реализираме нашата стратегија за долгорочен развој во земјава“, изјави Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Халкбанк АД Скопје, која годинава одбележува 10 години успешно работење на македонскиот пазар, во овој период неколкупати има извршено докапитализација со поддршка од нејзиниот единствен акционер, Халкбанк АШ Турција. Овие средства, заедно со остварениот профит на Банката кој сите овие години не се издвојува, туку се реинвестира и останува во земјава, се значајна поддршка за финансискиот сектор и економијата на државата.

Поврзани вести

Вол Стрит запре за 15 минути: Паника на берзите поради коронавирусот

Арсовска: Потребна е да се олесни пристапот до финансии и да се поддржат најзагрозените сектори

„Банкарскиот систем е стабилен”, истакнуваат од „Standard & Poor’s“

Влатко Зорба