СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Угостителските објекти ќе бидат опфатени со нови мерки

Економските оператори кои овие две недели ќе бидат затворени ќе бидат опфатени со нови мерки. Во моментов се разгледуват неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци, соопшти вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет“, истакна вицепремиерот.

Како и во вонредната состојба оние угостителски објекти кои вршат достава можат да продолжат истото да го прават и по полицискиот час, секако со соодветни дозволи за движење. Дополнително, во текот на денот можат да продаваат храна и пијалоци од шалтер (take away или to go) без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат, додаде тој.

Поврзани вести

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат

Влатко Зорба

Директните странски инвестиции од Италија во С.Македонија изнесуваат 107 милиони евра

Влатко Зорба

Бесими: Имаме царински стапки кои се пониски или повисоки од оние во ЕУ

Влатко Зорба