СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung го најави „најмоќниот Galaxy досега“ (ВИДЕО)

Со оглед на споменувањето на „Galaxy“ во дискретниот опис на настанот, би можеле да го видиме Samsung Galaxy Z Fold 3 или новиот таблет Galaxy Tab. Се разбира, тоа би можело да важи и за палетата на лаптопи и хромбук-компјутери на Samsung, како што се Samsung Galaxy Book S и Samsung Galaxy Book Flex.

Новиот настан Samsung Unpacked ќе се случи на 28 април во 10:00 часот ЕТ (16:00 часот по наше време), објави компанијата во официјална објава на блогот. Како и да е, компанијата има широк спектар на електронски уреди кои се нудат, па затоа големото прашање е што би можел да открие на јавноста?

Настанот беше одеднаш најавен со еден слоган: „Најмоќниот Galaxy доаѓа“. И секако, со видео кое ја покажува мистериозната силуета на уредот. Тој слоган „најмоќен“ значи дека нема да ги гледаме претстојните телефони од среден опсег како Samsung Galaxy A82, и покрај големиот број фотографии на телефонот што допреа до јавноста, не можеме да очекуваме ниту Galaxy Buds 2.

„Најмоќната“ референца може да значи дека најверојатно ќе видиме нов лаптоп на овој настан, бидејќи тие ќе бидат далеку помоќни од кој било паметен телефон или таблет што би ги покажал Samsung. Можеби има и трага на крајот од видеото, што покажува син правоаголник кој фрла сина сенка. Изгледа како уред сличен на лаптоп – иако може се трудиме премногу да сфатиме.

Поврзани вести

Pocofone го потресе мобилниот пазар пред 2 години, а сега е претставен неговиот наследник

msp-admin

Huawei го промовираше паметниот звучник Sound C

msp-admin

МАСК САКА ДА ЈА ИСКОРЕНИ ДЕПРЕСИЈАТА: Чипови ќе пуштаат музика директно во мозокот

msp-admin