СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Беспилотни минибуси во Европа од 2023 година

Израелската компанија Mobileye, подружница на Intel, објави дека започнала со производство на автономни автомобили заедно со транспортниот оператор Transdev Autonomous Transport System (ATS) и производителот Lohr Group. Наскоро се очекува возилата да се појават на европските патишта.

Соработката предвидува возила да се градат во погоните на Lohr Group, со вграден автономен систем на контрола на Mobileye. Целта е возилата да ги опслужуваат линиите за јавен превоз во европските градови.

Тестовите на автономните минибуси ќе бидат спроведени на патиштата на Франција и Израел. Производството на автономните возила ќе започне до 2022 година, а работата треба да започне во 2023 година, соопшти Intel.

Возилото го доби името i-Cristal. Ќе се движи целосно автономно, обработувајќи ги добиените информации преку два независни канали – систем на камери и комбинација на радар и лидар. До 16 лица ќе можат да се возат во минибус од овој тип.

Автомобилите ќе се движат со брзина до 50 км / ч.

Поврзани вести

YouTube Shorts пристигнува во март

Влатко Зорба

Мистериозниот гејминг смартфон на Lenovo ќе го „сруши“ AnTuTu

msp-admin

Google ги претстави Pixel 4 и Pixel 4 XL (ВИДЕО)

msp-admin