СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Безбедносен проблем со TikTok ги става во ризик личните податоци на корисниците

TikTok е социјален феномен, кој покрај неверојатната популарност низ целиот свет, се најде во центарот на политичкиот конфликт меѓу Кина и САД. Развивачите на апликацијата беа принудени да го продаваат својот бизнис за да продолжат да работат на американскиот пазар. Сепак, TikTok претрпе структурни и организациски промени, вклучително и целосно нов одбор на директори одобрен од владата.

Со технолошкиот аспект и миграцијата на личните информации до серверите во Соединетите држави управува Oracle, кој е официјален купувач на деловните активности со TikTok. Договорот овозможи апликацијата да биде активна во земјата, што е од стратешко значење откако Индија им забрани на граѓаните да ја користат. Загубата на друг голем пазар може да има критично влијание врз деловната активност на компанијата.

И покрај овие проблеми, TikTok продолжува да е на врвот на топ листите за најсимнувани апликации во светот. Ако активно ја користите платформата за споделување кратки видеа, треба да бидете многу внимателни, бидејќи експертите од Check Point откриле сериозен безбедносен пропуст во TikTok.

Експертите на компанијата откриле дека ранливоста во кодот на апликацијата може да им овозможи на надворешните лица да пристапат до лични информации на сметката, вклучувајќи го и телефонскиот број. Стандардните поставки за сметката вклучуваат прекар во TikTok, профилна фотографија, уникатен ID во апликацијата, но и други доверливи детали.

Ако хакерите ги соберат сите овие податоци, тие можат да создадат профил за таа сметка, која можат да ја користат за дистрибуција на малициозен софтвер и кражба на информации. Специфичниот проблем е поврзан со функцијата Find Friends, која користи алгоритми за синхронизација на контактите во TikTok.

Од Check Points Research спроведуваат низа тестови за проверка на безбедносниот систем и успеваат да надминат многу механизми што треба да ги заштитат нашите лични информации. Добрата вест е што компанијата го контактираше ByteDance, кој веќе ги ажурира паметните телефони со потребната безбедносна „закрпа“.

Поврзани вести

Ако имате некоја од овие 7 апликации, треба да ја избришете

msp-admin

Заврши поддршката за Windows 7

msp-admin

ВИДЕО: Што се случува кога со голема брзина ќе поминете преку лежечки полицаец

msp-admin