СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: И да се пролонгира пандемијата, годината ќе ја завршиме со раст

По првото тримесечје од 2021 ќе почнат да слабеат ефектите од здравствената криза и соодветно на тоа ќе почне да се враќа довербата на инвеститорите, како и да се намалува преголемата претпазливост на потрошувачите, што би резултирало со стапка на раст на економијата од 4,1 отсто, согласно основото сценарио. Дури и да се случи песимистичко сценарио, односно пролонгирање на пандемијата, сепак годината би ја завршиле со позитивна стапка на економски раст, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими посочува дека процесот на подобрување на состојбите во нашата економија започнал уште минатата година.

-Бруто-инвестициите во третиот квартал од 2020 година забележуваат раст од 4,2 отсто, што доаѓа по високиот пад од над 30 отсто во второто тримесечје од 2020 година, а се должи на раст на инвестициите во градежните работи, како и во машините и опремата. Ублажен е и падот на потрошувачката, главно поради високиот раст на јавната потрошувачка од 13,5 отсто. Четвртиот квартал од 2020 година, согласно високофреквентните (месечни) податоци, има понатамошно подобрување на состојбите од аспект на надворешно-трговската размена и од аспект на индустријата и искористеноста на капацитетите. Позитивните тенденции продолжија и во првиот месец годинава, а во подобрувањето на состојбите свој удел имаат и досега преземените четири пакети антикризни мерки, вели Бесими.

Поврзани вести

Анѓушев: Очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години

Влатко Зорба

Стопанска комора: Се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет економски мерки

Влатко Зорба

Намалени увозните цени на горивата во август

msp-admin