СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бугарската „Соларпро“ ќе гради голем соларен парк во С. Македонија

Додека во Бугарија дебатата за иднината на рудниците за јаглен и сродните постројки е сè уште во почетна фаза и е нејасно што ќе се случи со енергијата, Северна Македонија успешно го трансформира секторот веќе неколку години, пишува бугарски „Капитал“.

Откако во 2019 година беа спроведени неколку тендери за нов капацитет на ОИЕ без државни субвенции, властите во Скопје сега продолжуваат во оваа насока со обид да се „оживее“ стариот и неупотреблив рудник за јаглен – оној во Осломеј. На 16 април 2021 година се одржа тендер со учество на три меѓународни компании, а за една од двете идни фотоволтаични централи бугарскиот „Соларпро холдинг“ беше избран за партнер на државниот производител на енергија ЕСМ. Преку јавно – приватно партнерство за изградба, работење и трансфер (Build, Operate and Transfer – BOT) компанијата ќе направи фотоволтаичен парк со инсталиран капацитет од 50 mW – за споредба, најголемиот соларен парк во Бугарија – оној кај Караџалово, има моќност од 60,4 mW.

Цената на инвестицијата не е објавена, но според проценките на пазарот, соларен парк со сличен обем би чинел помеѓу 22-25 милиони евра.

„Би сакал да му честитам на нашиот иден партнер ЕСМ за одличните резултати од тендерот. Исто така, би сакал да и честитам на Владата на Северна Македонија за организирање на ваква конкурентна постапка, како и за демонстрација и давање пример на цела југоисточна Европа како контаминирани области на старите рудници за јаглен може да обезбедат добро платена работа и да се произведува чиста енергија по конкурентна пазарна цена “, рече Константин Ненов, извршен директор на „Соларпро холдинг“.

Ненов исто така објасни дека нивната понуда на тендерот предвидува 18% од сите идни приходи да бидат во корист на јавниот партнер ЕСМ, што е за 80% повеќе од минималната почетна понуда на аукцијата од 10%. Така, практично без никакви трошоци, државата ќе обезбеди дополнителни приходи за следните 35 години.

„Покрај делот од приходите што ќе ги добие ЕСМ, како дел од тендерските услови, ќе се отворат 50 работни места, кои ќе им ги понудиме на поранешните рудари во регионот“, додаде Ненов.

Ова е втора значајна инвестиција на „Соларпро“ во Северна Македонија откако победи на тендерот за изградба на фотоволтаичен парк од 10 мегавати во Манастирец во 2020 година. Во Полска, Унгарија, Бугарија и Северна Македонија, „Соларпро“ во моментов гради вкупно над 150 mW сопствени проекти, додека други проекти за над 500 mW се во фаза на развој.

Компанијата исто така нуди долгорочни договори за набавка на електрична енергија (договори за набавка на енергија, PPA), договори за закуп на долгорочна опрема – SaaS (Solar as a service), како и разни решенија за снабдување на индустријата за зелена енергија. Сите овие се работни модели за премин кон економија со ниско ниво на јаглерод, што ја прави обновливата енергија многу побезбедна и подостапна, а инвестициите помали.

Поврзани вести

Ангеловска: Утрово се исплатени 27.8 милиони евра кон банките, започнува издавањето на домашните платежни картички

МЗШВ: Согласно законот се спроведуваат јавните огласи за распределба на земјоделско земјиште

МИСТ ЕНЕРЏИ го доби тендерот вреден 500.000 евра за набавка на струја за Собранието

Влатко Зорба