СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Иницијатива до Народна банка за одложување, отпишување и репрограмирање на доспеани обврски и кредити на угостителите

„Реализацијата на шестиот пакет економски мерки за неповратна финансиска помош и поддршка на угостителската индустрија ќе им овозможи делумно на угостителите да ги надоместат штетите и загубите за периодот на важењето на последната рестриктивна мерка од 6-ти Април 2021 год. со која одлука на Владата се уште им е забрането да работат со гости во угостителските објекти“, соопштија од Независната угостителска комора (НУК).

„Со цел да излеземе во пресрет на комерцијалните банки и да им ја олесниме наплатата на доспеаните обврски по основ на кредити и камати од угостителите и угостителските работници денес со е-пошта доставивме иницијатива до Анита Ангеловска-Бежовска, Гувернер на Народна банка на РСМ за промена на законска регулатива, одлуки, акти и останати законски прописи со кои ќе им се овозможи и наложи на банките да направат одложување и отпишување или репрограмирање на сите доспеани обврски и кредити на друштвата и нивните вработени од угостителска индустрија за период од најмалку една година од завршетокот на пандемијата Ковид-19.

Угостителите и вработените во угостителската индустрија се корисници на безмалку 100-тина милиони евра комерцијални краткорочни и долгорочни кредити од македонските банки. Скоро да не постои угостител или угостителски работник корисник на разни кредити кои минатите месеци секојдневно не се соочува со притисоци на телефонски јавувања и други опомени од банките за плаќање доспеани обврски по основ на кредити, камати и рати.

Факт е дека роковите од минатата година со кои се направени репрограмирање од страна на банките завршија, но пандемијата Ковид-19 сеуште трае со што угостителите и вработените во угостителската индустрија повторно се соочуваат со предизвици да ги исполнуваат обврските по основ на рати и камата во услови кога работат со половични капацитети и ограничено работното време со посебен режим на строги препораки и протоколи за работа или им е забранета во целост вршењето на дејноста. Со оглед дека ниедна комерцијална банка ниту Народната банка не превземаат активности за промена на законска регулатива, одлуки, акти и останати законски прописи со кои ќе им се овозможи на банките да направат одлагање, отпишување или репрограмирање на доспеани обврски – рати за кредити и камати на најзагрозените индустрии кои трпат енормни последици, штети и загуби поради пандемијата ковид-19 ја поднесовме оваа иницијатива до Гуверенерот на Народна банка, а копии од истата доставивме и до сите банки, Претседателот на РСМ, Претседателот на Влада на РСМ, Министерот за финансии и Министерот за економија.

Се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде прифатена со што ќе се изнајдат начини и модели да се отпишат дел од долговите по основ на камати, да се одложат и репрограмираат сите доспеани обврски заклучно до 30.04.2021 год. и да се овозможи дополнителен грејс период на исплата на рати заклучно со 30.04.2022 година со што би им се овозможило не само на угостителите, туку и на угостителските работници да ги стабилизираат своите приходи, изнајдат сили да ги подмират другите доспеани обврски и да ја сочуваат и продолжат својата работа и егзистенција со насмевка и ведрина“, додаваат од НУК.

Поврзани вести

Објавена Mапа на вработеност на Западен Балкан

Влатко Зорба

Распишан нов јавен повик за реконструкција на 35 локални улици во 21 општина со вредност од околку 7 милиони евра

Влатко Зорба

СПОР ПОЧЕТОК НА СЕЗОНАТА: Еве кога Грците очекуваат поголем прилив на странски туристи

Влатко Зорба