СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Инвестицијата на „Гересхајмер” е многу важна од областа на здравството и фармацијата

„Инвестицијата на „Гересхајмер” е многу важна од областа на здравството и фармацијата и како држава нé става на мапата на производители на медицински амбалажи кои се користат насекаде во светот. Оваа фабрика ја најавивме во 2019 година, денешното пуштање во употреба на инвестицијата е само еден дел од севкупните планови за инвестирање на „Гересхајмер”. Инвестицијата во оваа фаза е 25 милиони евра. На среден рок предвидено е да се отворат 400 работни места, а компанијата има сериозни планови и за натамошно проширување”, изјави премиерот  Зоран Заев на официјалното отворање на фабриката на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче, како и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Премиерот Заев упати искрени честитки за посветената работа и навремената реализација на инвестицијата на „Гересхајмер” која произведува пластични системи за фармацевтската индустрија, што ќе обезбеди нови работни места и ќе придонесе во развојот на севкупната економија.

„Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а Северна Македонија беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со земјите од соседството, поради политиките на Владата, како и членството во НАТО што значи зголемена сигурност, стабилност и атрактивност за странските инвестиции. Компанијата „Гересхајмер” најавува и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели. Ова ќе биде најголема поединечна инвестиција во историјата на Северна Македонија, од областа на медицината и фармацијата„ изјави премиерот Заев и додаде дека високо квалификуваниот кадар на компанијата, претежно инженери имаат двојно повисоки плати од просечната.

Поврзани вести

Банките очекуваат зголемена побарувачка за кредити од компаниите

Влатко Зорба

Следува „Викенд без ДДВ“: Повратот на целиот платен ДДВ ќе биде вратен на сметките на граѓаните

Берта Китинска

Канцерогениот сусам од Индија уништен во Дрисла, велат од АХВ

Влатко Зорба