СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Создаде криптовалута на 19-годишна возраст и сега е ВТОРА НАЈВРЕДНА во светот

Виталик Бутерин, 27-годишен руско-канадски програмер, ја создаде дгиталната валута етер во 2013 година, кога имал само 19 години.

Криптовалутата беше лансирана во 2015 година, а Бутерин сега има околу 333.500 етери во „неговиот паричник“. Ако го помножите бројот на етери што ги поседува со 3.520 долари, колку што сега отприлика вреди, ќе добиете повеќе од 1,1 милијарда долари.

Во 2012 година, Бутерин го основаше списанието Bitcoin Magazine, списание кое се занимава со биткоини и други криптовалути.

Во 2014 година, тој беше избран да биде дел од двегодишната програма за стипендии „Тил“, создадена од милијардерот Питер Тил и која „им дава на младите луѓе кои сакаат да прават нови работи наместо да седат во училници 100.000 долари“.

Иако не е премногу активен на мрежите, Бутерин има повеќе од 1,4 милиони следбеници на Твитер.

Патем, оваа криптовалута во моментов е највредната криптовалута на пазарот.

Вкупната вредност на сите етери во оптек е околу 407 милијарди долари, а цената на еден е 3.520 долари.

Поврзани вести

Етереум достигна рекордна вредност

Влатко Зорба

БИТКОИН ПОВТОРНО „ВО ПЛУС“: Утрово надминат уште еден лимит

Влатко Зорба

Пазарната капитализација на криптовалутите за прв пат близу 2 трилиони долари

Влатко Зорба