СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Нови правила: Од денес треба да „водите сметка“ колку пари ќе носите во странство

Новите правила за контрола на готовината пари и вредност што влегуваат и излегуваат од ЕУ стапува на сила од денес.

Сите патници што влегуваат или излегуваат од територијата на ЕУ ќе треба да пополнат декларација за готовина кога носат 10.000 евра или повеќе во валута или противвредност во други валути, како и со други платежни средства како патнички чекови или меници.

Европската комисија наведува дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите на финансирање на тероризмот.

Од денес ќе се применуваат бројни измени во ЕУ, што дополнително ќе ги заостри правилата и уште повеќе ќе го отежни движењето на големи количини на „неоткриена“ готовина.

Прво, дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе се прошири и ќе вклучува златници и одредени други златни предмети.

Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност.

Конечно, царинските власти сега исто така може да побараат да се направи декларација кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба од пошта, роба или курир.

Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националната единица за финансиско разузнавање во секоја земја-членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина што може да се искористи за финансирање на нелегални активности, заклучија тие во Брисел.

Поврзани вести

Македонците потрошиле 69,4 милиони евра на интернет во првата половина од годината

Александар Петровски

Неверојатна заработувачка на Безос: 13,2 милијарди долари за само 15 минути

Никола Поповски

Aкцискиот промет на Македонската берза лани бил повисок во однос на берзите во Белград, Софија, Подгорица, Сараево и Бања Лука

Влатко Зорба