СТАНДАРД life
Балкан микс

Заводлив танц: Северина покажа како се забавува во Грција (ВИДЕО)

Со бројните летни настапи на брегот и подготовките за разни концерти, Северина реши да одмори и да го посети магичниот грчки остров Миконос.

Балканската музичка ѕвезда Северина ужива на Миконос

Очигледно таму одлично се забавува, а моментите на „журкање“ со задоволство ги сподели со своите фанови на социјалните мрежи.

Северина танцуваше на познатиот италијански хит, а малку подоцна уживаше во раскошниот настап со блиц светла и изведби на локални танци и познатото мавтање со бели марамчиња на текстот на песната „Bella Ciao“.

Покрај нејзиниот заводлив танц, таа го привлече вниманието и со предизвикувачкиот плетен комбинезон кој ја истакна нејзината витка фигура. Ефективниот беж комбинезон со тренди исечени шлицови е дело на нејзиниот сакан швајцарски бренд Jalize Couture, а таа го носеше во интересна комбинација со апостолки.

Северина за приклучувањето на „Суперстар“: „Мајка ми најмногу ќе се радува на шоуто“

Слично парче избра и во февруари кога беше на Малдиви, но тогаш тоа беше тесно долго здолниште и топ кој бил врзан околу вратот со впечатливо ланче.

Поврзани вести

(ВИДЕО) 2.000 евра за две песни – „кралицата на бакшишот“ повторно руши рекорди

Urednik

📸Српска пејачка изненади со драстична промена во изгледот

Urednik

„Моите ќерки криеја кој им е татко“: Жељко Самарџиќ искрено за семејството и популарноста

Urednik