СТАНДАРД life
Здравје

Подмладувањето асоцира на хируршки интервенции, но вистината е дека тоа можете да го постигнете со храна!

Проблемите кои всушност се јавуваат во нашето тело се видливи на кожата.

Научниците заклучиле дека конзумирањето овошје и зеленчук е најбезбедниот и најздравиот начин за подмладување на кожата и одржување на нејзиниот прекрасен изглед.

Постојат голем број на намирници кои помагаат да се „подмачкува“ кожата и целото тело:

Црвена пиперка

Полна е со антиоксиданси, кои се најважни кога станува збор за младешкиот изглед. Покрај високата содржина на витамин Ц, кој е добар за производство на колаген, црвените пиперки содржат антиоксиданси наречени каротеноиди.

Каротеноидите се растителни пигменти одговорни за светло-црвените, жолтите и портокаловите бои што ги гледате во многу овошја и зеленчук.

Тие имаат различни антиинфламаторни својства и можат да помогнат во заштитата на кожата од сонце, загадување и отстранување на токсините од телото.

Боровинки

Тие се богати со витамини А и Ц, како и со антиоксиданс наречен антоцијанин кој му пркоси на стареењето, кој на боровинките им дава длабока сина боја.

Тие можат да помогнат во заштитата на кожата од оштетување предизвикано од сонцето, стресот, загадувањето со ублажување на воспалителниот одговор и спречување на губење на колаген.

Брокула и спањак

Брокулата е полна со витамини Ц и К. Содржи антиоксиданси, влакна, фолна киселина, лутеин, калциум… Може да се јаде и сирова како ужина, но најдобро е малку да се обари пред да се јаде, бидејќи на тој начин нејзините својства се уште покорисни.

Спанаќот е хидратантна храна, содржи антиоксиданси кои помагаат да се „хранат“ телото и кожата со кислород. Богат е со витамини А, Ц, Е и К, магнезиум, железо и лутеин.

Орев, авокадо, поточарка, сладок компир, калинка…

Ова се сите намирници кои можете да ги користите за да му помогнете на вашето тело и да го подмладите.

Ако го прифатите овој начин на исхрана, наскоро ќе видите дека вашата кожа е почиста, позатегната и посјајна.

Поврзани вести

Препознајте мини мозочен удар по овие симптоми

Urednik

Кардиолог открива суптилен знак за срцев удар кој не треба да го игнорираме

Radmila Tasevska

Автофагија: Како да знаете дали е за вас или не?

Urednik