СТАНДАРД life
Храна

Јапонски полнети пиперки

Најново откритие за нас се јапонските полнети пиперки, оригинално наречени Piman Nikuzume.

Според овој рецепт, пиперките се полнат со мешавина од месо, презла и зачини, а посебна карактеристика им е премазот на база на соја сос и мирин, слатко оризово вино кое во овој случај може да се замени со оцет со додавање на шеќер.

Сè ни звучи многу добро, би вредело да се проба…

Состојки:

* 4 зелени пиперки
* 200 гр мелено месо
* 1/4 главица кромид
* 2 лажици презла
* 1 јајце
* 1 лажица масло
* 1 лажица соја сос
* 1 лажица мирин
* малку густин
* малку шеќер
* малку брашно
* сол, бибер

Подготовка:

Зелените пиперки исечкајте ги на половина по должина, извадете ги семките и внатре малку посипете со брашно.

Кромидот исечкајте го на коцки и измешајте го со месото, изматеното јајце, презлата, солта и биберот. Добро измешајте и наполнете ги пиперките.

Загрејте го маслото во тава и ставете ги пиперките со месото надолу. Се динста поклопено на тивок оган 3-4 минути. Превртете кога ќе ја промени бојата и динстајте поклопено уште 4-5 минути.

Кога пиперките се готови, премачкајте ги со сосот што го добивате кога ќе измешате соја сос, мирин и малку густин. Алтернативно, се користи мешавина од соја сос и сос од домати.

На здравје!

Поврзани вести

Сочен куглоф со портокал ќе биде вашиот омилен десерт овој Божиќ

Urednik

10 неодоливи коктели кои се направени од само две состојки

Urednik

Леб од тиква без глутен: Вкусен и нискокалоричен

Urednik