Постарите дами кои бараат модна инспирација за стилизирање на младешки и разиграни комбинации ќе бидат воодушевени од најновото модно издание на 65-годишната актерка Шерон Стоун.
Холивудската икона беше видена во добро расположение додека трчаше со својот син на Беверли Хилс, а нејзината позитивност се одрази на веселиот стајлинг.
Имено, Стоун искомбинирала елегантен црн блејзер со младешка тегет маичка со шарен принт, со лежерни бели памучни панталони кои формирале совршен контраст.
Својот стајлинг мајсторски го зачини со светло жолта чанта и лежерни бели патики кои трендсетерките обожаваат да ги носат.
Со комбинирање на овие парчиња, таа вешто ги спои топлите и ладните бои во уште едно хит издание кое набрзина ги брише годините!