СТАНДАРД life
Балкан микс

С.А.Р.С. за прв пат настапува во Лондон

Групата С.А.Р.С. во текот на повеќе од 15-годишната кариера, стана неприкосновена регионална концертна атракција и е еден од водечките српски бендови по бројот на настапи во Европа, не само на фестивали, туку и кога станува збор за независни концерти. Еден од, за нив, најзначајните концерти ќе се одржи на 1 септември во главниот град на Велика Британија, Лондон, каде што ќе настапат за прв пат во својата кариера во познатата „Electric Ballroom“.

„Досега сме имале многу одлични концерти низ цела Европа, но сепак требаше многу време да се случи концерт во Лондон. Иако концертот беше закажан за мај, на пат ни се појави процедурален проблем со добивањето виза, но сега ја решивме таа пречка, па едвај го чекаме настапот. Инаку, овој концерт беше закажан по барање на бројни фанови од Велика Британија, кои често не контактираа со барање да свириме во Лондон, па едвај чекаме да се дружиме со публика пред која не сме имале можност свириме досега“. изјави Жарко Ковачевиќ, фронтмен на бендот, за српските медиуми.

Покрај многуте хитови од претходните седум албуми, нивната досегашна кариера ја одбележаа и песните „Буџав лебац“, „Перспектива“, „Лутка“, „Веруј ми“, „Ракија“ и многу други, а песната „ Еј кафано“, беше последно нешто што го објавија.

Нивните песни ги одразуваат моменталните мисли и турбулентните емоционални состојби низ кои минуваат. Покрај љубовните, песните обработуваат и општествено ангажирани теми, а тоа ќе биде случај и со песните што ги подготвуваат за следните два албума, од кои едниот ќе биде класичен, а другиот акустичен.

Се подготвува и необичен дует.

Поврзани вести

Ивана Кнол: Непозната жена ме нападна поради нејзиното момче, се закануваше дека ќе ме убие

Urednik

📷Северина ја обвини Дуа Липа дека ја копира? И двете лижеле огледало…

Urednik

Марија Шерифовиќ откри како се сложуваат нејзиниот син и кучето и за инцидентот во Зеница: „Во БиХ секогаш одам со широко отворено срце“

Radmila Tasevska