СТАНДАРД life
Шоубиз

Одложена премиерата на вториот дел на Dune

Продукциските куќи Warner Bros. и Legendary Entertainment одлучија да ја одложат премиерата на вториот дел од Dune за следната година. Приказната за Пол Атреидс, која го игра Тимоти Шаламе, ќе биде објавена на 15 март 2024 година, пишува магазинот Variety.

Покрај Dune, Warner Bros. и Legendary го одложија и филмот „Godzilla x Kong: The New Empire“. Филмот требаше да излезе на 14 март 2024 година, но беше одложен за 12 април истата година.

Продолжението на Dune требаше да излезе во ноември оваа година, но беше одложено бидејќи трае штрајкот на холивудските сценаристи (WGA) и актерите (SAG-AFTRA). Поради штрајкот, ниту еден од актерите не смее да го промовира филмот, што може значително да влијае на заработката.

Покрај куќите на Warner Bros. и Legendary Entertainment, Sony е единствената голема продукциска компанија која ги одложи премиерите на повеќе филмови поради штрајкот. „Kraven the Hunter“ на Sony и новото продолжение на „Ghostbusters“ се одложени за следната година, а најновиот дел од „Spiderverse“ е отстранет од претстојниот филмски распоред.

Поврзани вести

Еден од најмистериозните холивудски актери продолжува да го крие полот и името на детето

Urednik

(ФОТО)Остава без здив и на 53 години: Клаудија Шифер го покажа виткото тело во бикини

Urednik

📸 По разводот со Софија Вергара, Џо Манганело ја претстави новата девојка

Radmila Tasevska